Она што го најави „Спортмедиа“ уште пред повеќе од еден месец, од денеска е и официјално. Стратегот на Шкупи, Гоце Седлоски доби супре засилување и тоа во името на Али Адем, младиот играч за врска кој по пауза од една година повторно ќе биде на Чаир. Секако дека ова е засилување и за европските натпревари на нашиот шампион.
Со Адем и онака силниот среден ред на Шкупи ќе биде уште посилен. Да посетиме станува збор за “дете“ на Вардар, кој пред две години направи трансфер во Арис од Солун. Потоа играше како позајмен играч во Шкупи, па потоа играше и за Верија, но сега одново ќе го носи дресот на нашиот шампион.