Де Лигт слета во Минхен и замина на лекарски прегледи (ВИДЕО)

265

Откако вчера стана јасно дека Баерн (М) и официјално го договори трансферот на холандскот дефанзивец Матијс Де Лигт од Јувентус за сума од близу 80 милиони евра (заедно со бонуси), денеска фудбалерот пристигна во Минхен.

22-годишниот стопер деновиве треба да ги комплетира лекарските прегледи и да биде преставен како четвртото засилување на германскиот клуб во импресивниот трансфер прозорец за Баерн. Баварците веќе ги обезбедија Садио Мане и двоецот од Ајакс, Рајан Гравенберх и Нусаир Мазрауи.

ПретходноПоп Арсова заврши 28. на маратонот на СП во САД, златото за Гебресиласие
СледноМилан и Ибра ја продолжија соработката и за следната сезона