Во Нион предмалку се одржа и ждрепката за 3.квалификациска рунда во Лигата на Конференции. Две наши екипи ги дознаа своите можни ривали, се разбира само треба да се мине второто квалификациско коло.
Па така, ако Шкендија успее да ја мине Валмеира (Летонија), тогаш во третата фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу АИК (Шведска) и Ворскла (Украина).
Незгодна ждрепка за тетовци, тоа е повеќе од јасно.
Македонија ЃП, ако пак направи изненадување, и успеа да ја елиминира ЦСКА Софија, тогаш во 3.квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Сент Патрик (Ирска) и Мура (Словенија)
Да споменеме дека натпреварите од третата рунда предвидено е да се играат на 4 и 11 август.