Поп Арсова заврши 28. на маратонот на СП во САД, златото за Гебресиласие

114

Единствената преставничка на Македонија на светското атлетско првенство во Орегон, САД, Адријана Поп Арсова, го освои 28-то место во женската маратонска трка. Поп Арсова оствари резултат од 2 часа 41 минута и 20 секунди, со што не успеа да го собори македонскиот рекорд кој е во незјнина сопственост (2:35:29), но успешно ја представи Македонија на оваа првенство на кое учествуваа 40 маратонки од целиот свет.

Првото место и златниот медал и припадна на Готитом Гебресласе од Етиопија со нов рекорд на светските првенства, 2 часа 18 минути и 11 секунди. Сребрена остана Џудит Џептум Корир од Кенија, додека бронзата и припадна на Лона Кемтаи Салетер од Израел.

ПретходноСтруга Трим Лум со висок триумф над Егнатиа
СледноДе Лигт слета во Минхен и замина на лекарски прегледи (ВИДЕО)