РК Бутел се засили со двајца млади ракометари!

139

Управата на РК Бутел уште еднаш покажа дека мисли на иднината и донесе двајца млади и талентирани ракометари, кои во следните три сезони ќе ги бранат боите на Бутел Скопје.

Станува збор за левиот бек Илија Табаков, кој доаѓа од прволигашот Борец Велес и има 18 години, како и за Андреј Петрушевски, кој исто така има 18 години, доаѓа од екипата на Вардар и настапува на позицијата десен бек.

Претходно во Бутел Скопје дојде левото крило Дамјан Субашевски од Металург РА, а беа потпишани професионални договори со петмина ракометари од нашата младинска школа.

ПретходноКРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА ВО ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА
СледноСкандал: Полицијата во Милано со пиштоли по грешка апсеше фудбалер на Челзи! (ВИДЕО)