Седлоски: Играат отворен фудбал, треба да бидеме внимателни

270

Екипата на Шкупи утревечер во Загреб ќе го одигра првиот меч од 2. Коло во елиминациите од Лигата на шампионите. Вечерва на прес-конференцијата пред мечот, стратегот на чаирчани, Гоце Седлоски ги изнесе своите размислувања за утрешниот дуел.

„Секако со тимот на Динамо имам многу спомени како поранешен фудбалер на овој тим, но сега сум на страната на Шкупи и јас велам нема да се откажеме така лесно. Колку што успеав да видам, играат отворен фудбал, затоа треба да бидеме внимателни, ќе дадеме се од себе во текот на целиот натпревар за да постигнеме позитивен резултат“, истакна Седлоски.

ПретходноМилан и Ибра ја продолжија соработката и за следната сезона
СледноПроблем за Баерн: Горецка го оперираше коленото, пауза и до осум недели