Чаирчани спиеле во Мекдоналдс, два дена се враќале од Гибралтар! (ВИДЕО)

7575

Во текот на денот дел од хрватските медиуми излегоа со неверојатна приказна за тоа што се им се случувало во таборот на Шкупи по враќањето од Гибралтар. Враќање кое траело повеќе од два дена, неверојатно.

Спортмедиа пишуваше за дел од овие проблеми, но работите биле многу пострашни. Се патувало со регуларна линија а не со чартер. По мечот со Линколн, играчите осум часа минале на плажа, а потоа со авион патувале од Малага до Виена. Таму, во главниот град на Австрија, место во хотел, спиеле, замислете, во Мекдоналдс, ресторан за брза храна. Потоа од Виена патувале исто со авион од Белград, за да на крајот со автобус допатувале во Скопје.

Вистинско патешествие имале чаирчани, барем според написот на Индекс.хр. Навистина невообичаено за еден професионален клуб. Има видеоснимка на која еден читател снимил лица кои беа дел од експедицијата на Шкупи во Виена, во Мекдоналдс, како спијат на клупите, очигледно уморни од долгиот пат. А се можело да биде поинаку, се разбира само треба да се патува со чартер.

ПретходноФИБА даде зелено светло: Кошаркарите претквалификациите ќе ги играат во „Кале“!
СледноДибиров со емотивно збогум: Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството!