Босанците со НБА ѕвездата Нуркиќ одат на Евробаскетот

147

Најсјајното име на босанската кошарка во моментов, Јусуф Нуркиќ од НБА тимот Портланд, се најде на списокот на селекторот на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина, Адис Беќирагиќ за престојниот Евробаскет.

Беќирагиќ го објави списокот на кошаркари на кои ќе се смета за следните два мундијалски квалификациски циклуси, како и на претстојниот Евробаскет. Покрај Јусуф Нуркиќ, на списокот се најде и Џанан Муса, кој неодамна потпиша за Реал Мадрид.

Покрај нив, БиХ во тимот би требало да ги има и Миралем Халиловиќ (Нантер, Франција), Един Атиќ (Будуќност, Црна Гора), Џон Роберсон (Маниса, Турција), Емир Сулејмановиќ (Тенерифе, Шпанија), Лука Гарза (без клуб), Амар Алибеговиќ (Цедевита Олимпија, Словенија), Амар Гегиќ (Цибона, Хрватска), Кенан Камењаш (Будиќност, Црна Гора), Сани Чампара (Сплит, Хрватска), Исмет Сејфиќ (Голден Игл, Косово), Ријад Авдиќ (ВВУ Баскетс Минстер, Германија), Адин Врабац (Монс, Белгија), Ајдин Пенава (Монс, Белгија), Јуре Зубац (Интер Братислава, Словачка), Харис Делалиќ (Игокеа) и Александар Лазиќ (Морнар, Црна Гора).

Репрезентацијата на БиХ на Евробаскетот 2022 е во групата „Б“ со селекциите на Германија, Литванија, Франција, Унгарија и Словенија.

ПретходноДинамо (З) му посака добредојде на својот капитен (ФОТО)
СледноНовиот напаѓач на Борусија Дортмунд има тумор!