Денеска во Нион, во седиштето на УЕФА, ќе се одржи ждрепката за третата квалификациска рунда во Лига Шампиони, Лига Европа и Лига Конференции.
Во 12 часот ќе се започне со ЛШ. Шкупи ако успее да направи сензација во 2.квалификациско коло и го мине Динамо Загреб, тогаш ќе игра во третата рунда со една од победниците на овие двојки…
Лудогорец (Бугарија) –Шамрок Роверс (Ирска) – победник
Ференцварош (Унгарија) – Слован Братислава (Словачка) – победник
Аполон (Кипар)
Овие натпревари ќе се играатна 2/3 и 9 август.
Во 13 часот ќе се одржи ждрепката за ЛЕ. Во случај на елиминација од Динамо Загреб, тогаш Шкупи ќе игра во 2.квалификациско коло во ова натпреварување. Тука УЕФА не го скрати списокот со екипи, туку ги стави во еден барабан сите десет двојки од 2.квалификациско коло во ЛШ.
Овие мечеви од ЛЕ се закажани за 4 и 11 август.
Нешто после 14 часот Шкендија и Македонија ЃП ќе ги дознаат своите можни ривали за 3.квалификациско коло во ЛК, но ќе играат само под услов да ги минат своите ривали Валмеира Летонија (Шкендија) и ЦСКА Софија (Македонија ЃП) во втората квалификациска рунда.
Ова се можните ривали на Шкендија…
Спартак Трнава (Словачка) – Њутаун (Велс)-победник
Бреидаблик (Исланд) – Будуќност (Ц.Гора) – победник
Мотервел (Шкотска) – Слиго Риверс (Ирска) – победник
АИК (Шведска)- Ворксла (Украина) – победник
Ова се можните ривали на Македонија ЃП…
Погон Шчечин (Полска) – Брондби (Данска)-победник
Данди Јунајтед (Шкотска)
Сент Патрик (Ирска) – Мура (Словенија)-победник
Сеинајоки (Финска) – Лилестром (Норвешка)-победник
Мечевите од 3.квалификациско коло во ЛК се закажани за 4 и 11 август.