Стефан Додиќ е најдобар играч во Европа во конкуренција до 20 години. Некогашниот член на Металург и Вардар со Србија го освои бронзениот медал на ЕХФ шампионатот за играчи родени 2002 година и помлади, и беше прогласен за МВП, постигна 27 погодоци на шест одиграни натпревари. Шампионатот го освои Шпанија, во финалето ја совлада Португалија со 37-35. Во битката за третото место Србија беше подобра од Германија со 30-26.