Екс играчот на Леверкузен, Ред Бул Лајпциг и Кајзерслаутерн на проба во Брегалница

4194

Хрватскиот интернационалец и поранешен младински репрезентативец на оваа земја, Партик Џалто е дел од тимот на Брегалница во моментов. Класична „десетка“ која денеска одиработи дуел против тимот на Стеауа во рамките на подготовките на штипјани во Банско.

Се работи за играч кој во моментов има 25.години и кој е роден во Германија. Сметан е за еден од најголемтие таленти во младинските категории на Хрватска, има одиграно петнаесетина мечеви во младинските селекции за „Коцкастите“, а на клупско ниво, бил дел од Штутгарт, Ред Бул Лајпциг, Баер Леверкузен, Кајзерслаутерн, Јан Регензбург… последно бил дел од екипата на Вуковар, пред да пристигне во Брегалница. Дали ќе остане дел од тимот, односно дали ќе потпише договор со македонскиот прволигаш, ќе видиме во следните неколку дена.

 

ПретходноАрмандо Броја на чекор до Вест Хем
СледноЛевандовски: Време е Барселона да се врати онаму каде што и е местото (ВИДЕО)