Кошаркарот на Мајами се најде на удар во јавноста поради тетоважа

732

Кошаркарот на Мајами Хит, Тајлер Хиро одлучи да се почести со тетоважа на градите, но токму поради тоа се најде на „тапет“ во јавноста.

Тој истетовира лав, крст и на средината стојат зборовите: „No Work – No Check“. Откако ја објави оваа фотографија на социјалните мрежи се појавија бројни негативно коментари, дел се дека ова е најлошата тетоважа.

Многумина веруваат дека парите би можел да ги потроши на многу подобар начин.

Иако сите тврдат дека ова е неговиот најлош потег во кариерата, сепак Хиро не се оптеретува со ваквите коментари, бидејќи на теренот заслужува голема почит. Тој минатата сезона ја доби наградата за најдобар шести играч во НБА-лига, имаше одлична статистика.

ПретходноШкупи „летна“ за Загреб
СледноАрмандо Броја на чекор до Вест Хем