ЛШ: Ако Шкупи го мине Динамо следува двомеч со подобриот од дуелот Лудогорец/Шамрок!

322

Денеска во Нион се одржа ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Секако дека за нас е интересно и тоа што Шкупи, нашиот шампион го дозна можниот или евентуалниот ривал во оваа фаза, а тоа е подобриот од двомечот од втората квалификациска рунда меѓу Лудогорец (Бугарија) и Шамрок (Ирска).

Значи ќе играат победниците од дуелите Лудогорец/Шамрок и Динамо/ Шкупи.

Секако дека за да дојде до ова, Шкупи прво мора да го мине Динамо. Сепак да веруваме во чудо.

Мечевите од третата квалификациска рунда се закажани за 2/3 и 9 август.

ПретходноСкандал: Полицијата во Милано со пиштоли по грешка апсеше фудбалер на Челзи! (ВИДЕО)
СледноПријателска: Брегалница одигра 0:0 против Стеауа