Милан стартуваше преговори со Тотенхем за Танганга

151

Тимот на Милан е подготвен да го доведе во своите редови, репрезентативецот на Англија и член на тимот на Тотенхем, Џафет Танганга. Стоперот не е во прв план во Лондон, минатата сезона настапи на само десетина мечеви и тоа е веќе алармантно за 23. годишниот дефанзивец.

Преговорите се веќе започнати и се претпоставува дека Танганга нема да има ништо против да замине во редовите на еден великан и да се бори за највисок пласман, овојпат во Серија А.

Стоперот со потекло од Конго има забележано преку 40 настапи за младинските селекции на Англија.

 

ПретходноПросечен настап на младинците на атлетското БП во Турција
СледноБаварците со нова офанзива: Осимен на местото на Левандовски?