Нов ден, нова шпекулација: Роналдо прави изненадувачки трансфер!

737

Шпекулациите за идните планови на Кристијано Роналдо продолжуваат. Секој ден има нова информација поврзана со Португалецот. Откако потврди дека нема да продолжи во Спортинг Лисабон, денеска шпанските медиуми пишуваат дека тој би можел да го облече дресот на Атлетико Мадрид.

Целта на еден од најдобрите фудбалери во светот е да оди во тимот кој се натпреварува во Лигата на шампиони, а неговиот менаџер Мендеш го понудил на Атлетико. За него нема да биде проблем да го облече дресот на овој тим иако има статус на легенда во редовите на градскиот ривал, Реал.

Неофицијално Роналдо имал разговор со Диего Симеоне, кој покажал голем интерес за Португалецот.

Роналдо не се откажува од намерата да го напушти „Олд Трафорд“, а дали ќе успее во тоа ќе останува да видиме.

Претходно“Лавот“ Адеми за Шкупи: Добра е таа екипа, голманот ми е колега од репрезентацијата!
СледноИсториско злато за Фрејзер-Прајс на 100 метри! (ВИДЕО)