По долга и тешка битка со карцином на белите дробови, денеска почина поранешниот фудбалер на Силекс, Металург, Беласица и тимот на Кожуф, Ѓорѓе Џонов. Иако јавноста покрена цела кампања за собирање сретства и помош на Џонов, кој мораше да замине на лекување во странство, сепак, ужасната болест сепак, беше посилна од него.
Страотната вест попладнево ја зави во црно целата спортска но и поширока јавност во Македонија, за која Џонов засекогаш ќе биде запаметен само по добро.
Имаше само 30. години, а неговата перспективна кариера беше прекината уште пред неколку години.