Претпладнево во Банско, во пријателски натпревар, фудбалерите на Брегалница одиграа 0:0 против Стеауа, клуб од Романија. Според извештаите од таборот на штипските “сини“, тие биле подобри, имале неколку големи шанси, па дури и зицери за гол, но сепак мрежата на протвникот останала нечепната.
Тренерот Илчо Ѓорѓиосмки мечот го започнал со следните единаесетмина…
Шчекиќ, М. Димитриевски, Мојсов, Ристевски, Борха Кордоба, Силјановски, Хаџановиќ, Ѓорѓиев, Касми, Додев и Ѓокиќ.
Во второто полувреме уште играа: Коцев, Кудев, Михаилов, Алтипармаковски, Д. Димитриевски…