Екипата на Шкупи утревечер во Загреб ќе го одигра првиот меч од 2. Коло во елиминациите од Лигата на шампионите. Вечерва на прес-конференцијата пред мечот, стратегот на чаирчани, Гоце Седлоски ги изнесе своите размислувања за утрешниот дуел.
„Секако со тимот на Динамо имам многу спомени како поранешен фудбалер на овој тим, но сега сум на страната на Шкупи и јас велам нема да се откажеме така лесно. Колку што успеав да видам, играат отворен фудбал, затоа треба да бидеме внимателни, ќе дадеме се од себе во текот на целиот натпревар за да постигнеме позитивен резултат“, истакна Седлоски.