И тоа го има во Италија, поточно во Милано, нели, во градот на модата. Имено Тијемуе Бакајоко, фудбалер на Челзи кој играше како позајмен во Милано, имаше навистина ден за ужас. Имено по грешка, неколку полицајци со вперени пиштоли на сред улица го апсеа, мислејќи дека станува збор за криминалец. Прво го „извадија“ од автомобилот а потоа и го претресуваа. Среќа голема што набргу сите се уверија дека станува збор за грешка, но ете, Бакајоко ќе има што да раскажува.
Tiemoué Bakayoko was arrested by mistake by the Italian police before later found out ! The facial look of the police 😁 #Bakayoko #italy pic.twitter.com/Vuc3N1RXkL
— Krobea Asante (@NAK_Sports) July 18, 2022