Струга Трим Лум со висок триумф над Егнатиа

545

Екипата на Струга Трим Лум забележа убав триумф на домашен терен во рамките од подготвителниот период летово, над екипата на Егнатиа од Албанија. Конечниот резултат гласи 4:2, во дуел во кој домашните водеа со 4:0, па дури потоа гостите од Албанија, упсеаа да намалат.

Гол серијата ја започна Фљамур Таири од белата точка, ја продолжи Бесарт Ибраими од идентична ситуација, а потоа во листата на стрелците се запишаа уште и Јусуфи односно Мерџани.

Од таборот на Струга Трим Лум се задоволни од начинот на кој што е одигран овој меч и велат дека формата летово полека го добива својот вистински лик.

 

 

ПретходноОва не е гол, ова е голчиште (ВИДЕО)
СледноПоп Арсова заврши 28. на маратонот на СП во САД, златото за Гебресиласие