Црна Гора го освои пехарот во Скопје, „Ол-стар“ тимот без Македонки

190

Европското првенство „Б“ Дивизија во Скопје и официјално заврши. Пехарот отиде во рацете на Црна Гора, која во финалето ја совлада Турција со убедливи 98:56 и завери место во елитната дивизија.

Во финалнот натпревар на првенството, најдобра кај Црна Гора кај стрелците беше Јована Савковиќ со 17 поени, пред Марија Лековиќ со 15 поени, додека Зорана Радоњиќ постигна 14 поени. Кај Турција се истакна Рана Учар со 13 поени, пред Бану Симшек и Афиречан Вардар со по 12 поени.

Црногорката Марија Лековиќ е најкорисниот играч на шампионатот

За најкорисна кошаркарка на Европското првенството е прогласена Марија Лековиќ од победничката селекција на Црна Гора. Во „Ол-стар“ тимот не се најде ниту една македонска кошаркарка.

Во најдобриот тим на првенството се Јована Савковиќ (Црна Гора), Јарден Гарзон (Израел), Суде Јилмаз (Турција), Марија Лековиќ (Црна Гора) и Манца Вречер (Словенија).

ПретходноЦ. Звезда подготвува уште една „бомба“ – преговара со Милош Теодосиќ
СледноРоналдо стави крај на шпекулациите!