Роналдо стави крај на шпекулациите!

797

Португалските медиуми објавија информација дека Кристијано Роналдо ова лето ќе се врати во Спортинг Лисабон.

Откако Спорт ТВ Португал откри дека раководството на Спортинг и Јунајтед почнале преговори, се огласи и Роналдо, тој само кратко одоговори: ЛАГА.

На овој начин стави крај на шпекулациите за кам-бек во португалскиот тим. Роналдо е на одмор со своето семејство во родната земја и наскоро треба да му се приклучи на Јунајтед, кој во овој момент е на турнеја. Тимот на Тен Хаг изгледа одлично и без Португалецот за кого и натаму не е познато дали ќе остане, особено ако се земе во предвид дека од раководството на Јунајтед побарал да си замине, но веднаш добил негативен одоговор.

Наскоро оваа сага треба да заврши.

ПретходноЦрна Гора го освои пехарот во Скопје, „Ол-стар“ тимот без Македонки
СледноДибала донесе неочекувана одлука!