Баварците со нова офанзива: Осимен на местото на Левандовски?

270

Иако веќе доведоа четири нови засилувања, германските шампиони Баерн (М) не мислат да се откажат од натамошни трансфери. Според пишувањето на германската ТВ-станица, Спорт1, по заминувањето на Роберт Левандовски, Баерн тргнува во офанзива по потписот на нигерискиот напаѓач од екипата на Наполи, Виктор Осимен.

Осимен е сличен калибар на напаѓач како и Левандовски, па затоа и Баварците во него гледаат идеална замена за Полјакот. Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли, јасно стави до знаење дека имало неколку разговори со клубови кои се заинтересирани за голгетерот, но не откри дали Баерн е веќе во преговори со нив.

ПретходноМилан стартуваше преговори со Тотенхем за Танганга
СледноДинамо (З) му посака добредојде на својот капитен (ФОТО)