Историско злато за Фрејзер-Прајс на 100 метри! (ВИДЕО)

161

Шели Ен Фрејзер-Прајс влезе во историјата. Атлетичарката од Јамајка дојде до своето петто злато на СП откако успеа на финалето на Мундијалот во Орегон на „стотката“ да биде најбрза со резултат 10.67 секунди. Она е и највозрасна што освоила злато во спринтерските дисциплини.

Втора беше Шерика Џексон со 10.73, додека трета Илејн Томпсон – Хера со 10.81 секунди. И сите од Јамајка, целосна доминација.

Image

Во финалето на 110 метри со пречки најбрз беше Грант Холовеј од САД. Тој патеката ја истрча за 13.03 секунди.

Во дисциплината фрлање ѓуле златото го освои Рајан Краузер со 22.94 метри.

ПретходноНов ден, нова шпекулација: Роналдо прави изненадувачки трансфер!
СледноЛевандовски пристигна во Мајами, играчите на Барса воодушевени! (ВИДЕО)