“Лавот“ Адеми за Шкупи: Добра е таа екипа, голманот ми е колега од репрезентацијата!

560

Утре во 21 часот на “Максимир“ во првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, Динамо Загреб го дочекува нашиот шампион, тимот на Шкупи. Познато е кој е фаворит, кој ја има предноста, но во фудбалот се е можно.

Капитенот на “модрите“ Аријан Адеми, веројатно најдобриот фудбалер во репрезентацијата на Македонија, за медиумите во Хрватска изјави дека Динамо не смее да го потцени Шкупи. „Лавот“ Адеми за чаирчани говори со респект.

Добра е таа екипа. Брзи се, `живи` што се вели. Не ги знам сите, има многу промени кај нив во однос на составот. Сепак треба да се каже дека голманот ми е колега од репрезентацијата. Јасно е дека некои работи кои што ги правевме на мечот со Локомотива не смееме да ги правиме, тоа во Европа не минува“ рече покрај другото капитенот на “модрите“.

ПретходноДенеска Шкупи ќе ги дознае можните ривали во 3.квалификациско коло во ЛШ или ЛЕ, а Македонија ЃП и Шкендија во ЛК!
СледноНов ден, нова шпекулација: Роналдо прави изненадувачки трансфер!