Единствената преставничка на Македонија на светското атлетско првенство во Орегон, САД, Адријана Поп Арсова, го освои 28-то место во женската маратонска трка. Поп Арсова оствари резултат од 2 часа 41 минута и 20 секунди, со што не успеа да го собори македонскиот рекорд кој е во незјнина сопственост (2:35:29), но успешно ја представи Македонија на оваа првенство на кое учествуваа 40 маратонки од целиот свет.
Првото место и златниот медал и припадна на Готитом Гебресласе од Етиопија со нов рекорд на светските првенства, 2 часа 18 минути и 11 секунди. Сребрена остана Џудит Џептум Корир од Кенија, додека бронзата и припадна на Лона Кемтаи Салетер од Израел.