На 52-то Балканско првенство за младинци/ки кое се одржа изминатиот викенд во Денизли, Турција, нашите атлетичарки имаа просечни настапи. Најдобар пласман избори 17-годишната Натура Мало, која имаше две 10-ти места на 100 и 200 метри. На трката на 100 метри Мало оствари резултат 12,70 сек., додека на 200 метри истрча време 27,37 секунди.
Сара Османовска беше 11-та на 100 метри со резултат 13,31сек. И исто така 11-та во скок во далечина со резултат 5,04 см. Камелија Кајчевска настапи во скок во далечина и со резултат 4,66 см. Беше 13-та.