Јончевски е прв кандидат за местото на Бајиќ!

393

Македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година ќе настапи со ново селекторско име. Денеска КФСМ ја извести јавноста дека со Драган Бајиќ е прекината соработката поради здравствени причини. Екс-предводникот на нашиот најдобар национален тим, не може соодветно да одговори на обврските во следниот период.

Прв кандидат за функцијата селектор е Александар Јончевски. Станува збор за тренер кој долго време има искуство во националниот тим, му беше помошник на Бајиќ, Давитков и на Пипан.

Во овој момент без тренерски ангажман, па ќе биде флексибилен за сериозните предизвици кои ја чекаат Македонија во битката да се врати на европската карта.

СПОРТМЕДИА дознва дека за помошници би можеле да ги има Никола Василев и Ѓорѓи Кочов.

Останува наскоро КФСМ да ги објави своите планови околу селекторската функција.

Македонија претквалификациите ги почнува на на 25. август, против Данска на гости, додека пак три дена подоцна ја пречекува Словачка дома. Во групата со нашите кошаркарки е уште и Норвешка.

ПретходноПресврт: Драган Бајиќ и КФСМ ја прекинаа соработката!
СледноЛК: Шкендија евентуално ќе игра против АИК или Ворксла, а Македонија ЃП со подобриот од Сент Патрик/Мура