Динамо Загреб – Шкупи: Шампионот на “Максимир“ нека го “извади“ најдоброто од себе!

192

Македонскиот првак вечерва од 21 часот на “Максимир“ му гостува на најдобриот клуб на Балканот во првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Седлоски против својот Динамо, нашите Адеми и Ристовски против чаирчани. Овој двомеч во нашата фудбалска јавност беше посакуван, и ете го, тука е.

Се разбира дека има “приказна“, се разбира дека Динамо Загреб, посебно вечерва на свој терен, и тоа како ќе се прашува. Но инаетот, желбата за докажување, неоптовареноста од резултатот, играњето без притисок, се се тоа работи кои се на страната на Шкупи. Тим кој што е апсолутен аутсајдер во претстојните 180 минути, и пак, посебно вечерва, но ете, се е можно кога се прашање момците на Седлоски.

Динамо наназад во изминатите три децении покажал и докажал како се игра во Европа, како се победува, како се заработува. Било кој наш клуб, па и Шкупи е далеку зад “модрите“, но кога си на терен, кога ќе сакаш нешто да постигнеш, а против себе го имаше еден Динамо со Адеми на чело, е тогаш нештата се понакви, тогаш желбата е голема, за докажување.

Фудбалерите на Шкупи вечерва нека истрачаат на теренот на “Максимир“ со намера да го “извадат“ најдоброто од себе во моментов, колку и дали тоа ќе биде довлоно за резултат кој ќе им одговара пред реваншот, останува да се види.

Најважно е да се даде максимумот, а Шкупи тоа може и ќе мора да го направи.

ПретходноОфицијално: Де Лихт во Баерн до 2027! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноПеколен старт за МЗТ Скопје во АБА лига