Лапорта откри: Лева имаше подобри понуди, но ја одбра Барса!

123

Роберт Левандовски пред неколку дена и официјално потпиша за Барселона, вчера го одработи и првиот тренинг со каталонскиот клуб.

Полскиот напаѓач после осум години одлучи да го напушти Баерн, сфати дека е време за нов предизвик, тој го има најзвучниот трансфер ова лето. Потпиша тригодишен договор со опција за продолжување на истиот на уште година дена. Барса за неговите услуги плати 45 милиони евра, додека останатите пет милиони евра на Баерн ќе му бидат платени низ различни бонуси.

За трансферот на Левандовски зборуваше и првиот човек, Жоан Лапорта, кој призна дека искусниот напаѓач имал и подобри понуди, но неговата цел била да дојде на „Камп Ноу“.

„Мораме да му бидеме благодарни на Роберт за се, тој ја прифати нашата понуда иако беше послаба од Челзи и ПСЖ. Тој успеа да го присили Баерн да го пушти во Барса“, изјави Лапорта и додаде:

„Плативме 45 милиони евра фиксно, плус пет за бонуси. Роберт Левандвоски е машина за голови. Во него добивме одличен голгетер“.

Барселона ќе игра подготвителен меч против Интер Мајами, но Левандовски најверојатно нема да игра, неговото деби ќе биде против Реал Мадрид.

ПретходноПартизан не се шегува, го потпиша екс-капитенот на Пао!
СледноРамани е трето засилување на Победа летово