ЛШ: Седло знае како на “Максимир“, храбриот Шкупи со одлични 2:2 среде Загреб (ВИДЕО)

845

Динамо – Шкупи 2:2 по првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Одлично реми за нашиот шампион, одличен резултат пред реваншот во Скопје.

Добра игра на четата на Гоце Седлоски,знаеше што сакаат чаирчани, и знаеја како да дојдат до посакуваното.

Динамо ја имаше иницијативата во текот на целиот меч, имаше и повеќе и шанси, но сепак Шкупи одолеа.

Нашиот тим поведе со голот на Куевен во 26,минута, а израмни Адеми во 45.минута. Потоа Петковиќ стрелаше за Динамо, а Реналдо за Шкупи.

Како што и се очекуваше, фаворизираниот тим на Динамо Загреб тргна силовито кон голот на Шкупи. “Модрите“ ја имаа контролата на играта, сакаа што побги да дојдат до водство. Мохареми во два наврати се закани, но безуспешно. Сепак најголемата шанса во таа 10.минута ја имаше Аријан Адеми, но за наша среќа неговиот шут заврши над голот на Наумовски.

И кога се одби тој почетен притисок, Шкупи почна да покажува заби што се вели, па така во 26.минута по одличната асистенција на Алварез изби сам пред голот на Ливаковиќ и успеа да ја внесе во неговата мрежа. Потоа следуваа две закани на Сандеј, и кога се чинеше дека Шкупи на пауза ќе замине со водство, тој Аријан Адеми се поправи и со шут со глава успева да израмни на 1:1 со што се отиде на одмор.

Штета, навистина штета, што Шкупи прими гол во последните секунди од првиот дел.

Сепак одличен настап на четата на Гоце Седлоски во првите 45.минути.

Само така да продолжат.

МОДРИТЕ“ НАПАЃААТ, ЧАИРЧАНИ УМЕШНО СЕ БРАНАТ

И на стартот од вториот дел, исто како во првиот, Динамо тргна силовито. Љубичиќ опасно се закани во 49.минута. Шкупи се брани, тоа успешно го прави, успешно се справува со притисокот на Динамо.

Сега е на ред Шкупи да врати со шансите, Сандеј во 55.минута имаше шанса за ново водство, но шутираше покрај голот на Динамо.

Врати Динамо, само среќата го спаси Наумовски, имено Дрмиќ за малку беше краток, имаше празна мрежа откако Менало одлично му додаде, или шутираше во голот, сеедно.

Најважно е што Шкупи уште ги има тие 1:1.

Интересно, до 65.минута Чачиќ направи три замени, додека Седлоски ниту една, можеби и со право, едноставно не сакаше ништо да пореметува во играта на својот тим.

Но затоа во 70.минута двојна измена, влегоа во игра Георгиев и Тимовски.

Во 72.минута Адеми заработи жолт картон зошто инсценираше пенал, и затоа Романецот Петреску го “пожолте“.

Динамо напаѓаше, Динамо посакуваше водство, но Шкупи одлично се бранеше. Браво за чаирчани.

Во 77.минута во игра кај Динамо влезе и Стефан Ристовски, капитенот на нашата репрезентација. И тоа место Мохамарами.

И пак тој Адеми, одлично му асистираше на Петковиќ за гол за Динамо за 2:1 во таа 87.минута.

Голема штета.

Но затоа Реналдо израмни на 2:2 во 90.минута.

2.квалификациско коло во ЛШ (прв меч)

ДИНАМО ЗАГРЕБ – ШКУПИ 2:2 (1:1)

Стадион “Максимир“ во Загреб. Гледачи: 8.000. Судија: Раду Петреску (Романија). Стрелци: Адеми 45., Петковиќ 87. (ДИН), Куевен 26., Реналдо 90. (ШКУ). Ж. Картони: Мохарами, Адеми (ДИН), Шеји (ШКУ).

ДИНАМО ЗАГРЕБ: Ливаковиќ, Мохарами (77.Ристовски), Шутало (16. Теофил-Катерин), Периќ, Љубичиќ, Иванушец, Адеми, Мисиќ (65. Батурина), Шпикиќ (46. Менало), Петковиќ, Дрмиќ (65. Оршиќ).

ШКУПИ: Наумовски, Брдаровски, Абдула, Маргвелашвили, Шеји (70. Тимовски), Фаустин, Куевен, Алварез, Хамиди (70. Георгиев), Данфа (78. Трапановски), Сандеј.




ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Левандовски е нов фудбалер на Барселона (ВИДЕО)
СледноЧелзи го краде Де Јонг од пред носот на Манчестер Ј.?