Стартни состави: Седло со Сандеј во нападот, Адеми стартер кај Динамо а Ристовски на клупа!

382

На околу час и половина пред почетокот на првиот меч од 2.квалификациско коло во ЛШ меѓу Динамо Загреб и Шкупи, познати се и стартните состави на двете екипи.

Седлоски се одлучи за следните единаесет:

Наумовски, Брдаровски, Абдула,Маргвелашвили, Шеји, Фаустин, Алварез, Куевен, Хамиди, Данфа и Сандеј.

Формацијата е 4-3-3, но пред дефанзивата ќе игра и Фаустинм значи Седлоски не сака ништо да ризикува.

Додека во таборот на Динамо Загреб капитенот Аријан Адеми е во стартниот состав, а Стефан Ристовски е на клупата во тимот на стратегот Анте Чачиќ.

Да потсетиме, мечот почнува во 21 часот, реваншот се игра за седуна во Скопје, а победникот од овој двомеч во третата квалификациска рунда ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Лудогорец и Шамрок, додека поразениот во 3.квалификациско коло во ЛЕ ќе игра со поразениот од двомечот меѓу бугарскиот тим и ирскиот состав.

ПретходноПеколен старт за МЗТ Скопје во АБА лига
СледноПелистер и ТФТ со меѓусебен дуел на стартот во АБА 2!