Младинскиот репрезентативец на Англија и досегашен член на тимот на Мидлзброу, Џед Спенс е нов член на тимот на Тотенхем.
Десниот бек има во моментов 20 години и одработи стотина мечеви како за Мидлзроу така и за тимот на Нотингем Форест каде што беше позајмен. Се работи за еден од најперспективните играчи на неговата позиција на Островот, и трансферот во Тотенхем воопшто не е изненадување.
Роден е во Лондон, а почетоците на кариерата ги имаше во тимот на Фулам.