Шкендија од вечерва е во Рига, каде во четврток во првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе му гостува на летонскиот тим Валмеира.
Во манир на голем клуб, експедицијата на тетовци со чартер од Приштина леташе за Рига.
Утре следува мал одмор во утринските часови, потоа доцна попладне тренинг како што и е вообичаено, а во четврток (21 јули) од 17 часот и дуелот со непознатиот тим на Валмеира.
Сите во Шкендија посакуваа гостинска победа и во голема мера да го решат патникот за третата рунда уште во Рига.