Без нов Американец на стартот на претквалификациите за ЕП 2025!

301

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува да се бори во лавиринтите кои водат кон големите натпреварувања. Во изминатиот период пропуштивме шанса за пласман на ЕП, а направивме чекор и се најдовме во првата фаза од едни квалификации за СП.

Сепак со ниту овој чекор не можеме да бидеме задоволни. Па „црвено-жолтите“ ќе мораат да одат по потешкиот пат за да се најдат на Европското првенство 2025 година.

Почнуваат од претквалификациите, ќе играат три прозорци, а првото место ги води во квалификациите за континенталното натпреварување. Македонија во полн состав не успеавме да ја видиме долго време, веќе никој не може со точност да каже со каква сила располагаме и каква иднина да очекуваме.

Години наназад се менуваат селектори, но промени има и во ростерот. И овие претквалификации ќе ги поченеме со нов предводник на клупата Александар Јончевски. Важно за него, но и за патот кон ЕП 2025 е Македонија да биде комплетна. А токму од причини на чести отсуства на стандардни играчи екс-селекторот, Драган Бајиќ најави нов натурализиран Македонец, кој ќе игра на плејмејкерската позиција.

СПОРТМЕДИА го откри името кое би можеле да ги освежи нашите редови. Станува збор за Американецот Јоги Ферел, кој игра во тимот на Цедевита Олимпија. Но, тој или пак некое друго име нема да му биде на расплагање на Јончевски против Данска на гости и Словачка на домашен терен на 25-ти односно 28. август. Во групата со Македонија се наоѓа и репрезентацијата на Норвешка.

Новиот натурализиран Македонец во составот би можеле да го имаме можеби во ноември.

ПретходноЕдинсон Кавани се договори со Виљареал
СледноЛШ за вечерва: Шкупи во Загреб, Тричко на гости во Данска