ГРК Охрид на својата официјална страница се пофали со интересна информација. Во посета на овој тим денеска биле претставници на унгарскиот тим Веспрем. Золтан Чик, директорот на клубот, како и еден од главните спонзори Силард Шмит и Ервин Сел ја посетија салата „Билјанини Извори“ и имаа средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Според најавите двата тима во иднина имаат желба за соработка.