Газдата на Интер загуби на суд, ќе мора да најде 250 милиони евра

2096

Компанијата на претседателот на Интер, Стивен Жанг го загубил судскиот спор против доверителите и сега ќе мора да плати 250 милиони евра.

Првиот човек на Интер ќе биде тужен од доверителите за 250 милиони евра позајмици и обврска која Жанг гарантираше дека ќе ја врати уште во 2020 година. Жанг даде нејасна изјава велејќи дека го фалсификувале неговиот потпис.

„Изгледа дека некои од вработените вклучени во проектот кои имале зделки со Банката можеби го фалсификувале мојот потпис за да потпишам во име на Great Matrix и во мое име за да помогнат во рефинансирањето“, изјавил Жанг.

За да се докаже оваа изјава, за време на судското рочиште беше вклучен вештак според кој со 100% точност, 5 од 6-те потписи на договорот ги направил самиот Жанг.

ПретходноЈуниорите фатија залет: Победа и над Хрватска во првиот тест
СледноЛШ: Тричко и АЕК извадија реми во Данска, порази за Ракип и Радески (ВИДЕО)