Е.Пелистер означува старт на подготовките

144

РК Е. Пелистер од денеска ги започнува активностите за сезоната 2022/23. На денешната прва средба во Битола ќе бидат присутни сите професионалци во сениорската екипа, со исклучок на Усама Хосни, кој има обврски кон националната репрезентација. Пред вечерата на играчите ќе им се обрати спортскиот директор на Е. Пелистер, Димитар Митревски.

Првиот работен состанок и медицинските тестови се предвидени за в среда наутро, а првиот официјален тренинг ќе се одржи утре попладне од 16:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Клубот утре ќе ги објави сите детали за подготовките, ростерот и плановите во претсезоната.

Екипата на Е. Пелистер 2 своите подготовки ќе ги започне в среда од 18:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Клубот утре ќе ги објави сите детали за подготовките, ростерот и плановите во претсезоната.

Инаку постигнат е договор за соработка со шпанскиот бренд Joma.

Ракометниот клуб Е. Пелистер ја известува јавноста дека од сезоната 2022/23 партнер за спортска опрема на клубот е шпанскиот бренд Joma. Потпишан е договор меѓу двете страни и сите професионалци во сите екипи на Е. Пелистер и Е. Пелистер 2 ќе ја носат опремата Joma. Официјалното претставување на новите дресови е предвидено на специјална манифестација во подготвителниот период. Претпродажбата на дресови ќе започне во месец август.

ПретходноСент Паули нуди 700.000 евра за Муслиу, Инголштад бара 1,5 милиони!
СледноПознати се сите учесници на Светското првенство 2023 година!