Калин Ивановски без проблеми во 2.коло во Инсбрук

194

Нашиот тенисер Калин Ивановски денеска имаше успешен старт на тенискиот турнир во Инсбрук. Македонецот во два сета успеа да го победи Томаш Јирусек и тоа 6:3 и 7:6 (тајбрејк).

Следен ривал, и тоа во осминафиналето на турнирот во Инсбрук, за Калин Ивановски ќе биде Валентино Вашеро од Монако.

Инаку на овој ИТФ фјучерс наградниот фонд е 15.000 долари.

ПретходноЛШ за вечерва: Шкупи во Загреб, Тричко на гости во Данска
СледноСент Паули нуди 700.000 евра за Муслиу, Инголштад бара 1,5 милиони!