КФСМ потврди, Јончевски е новиот селектор на Македонија

207

Како што најави Спортмедиа Александар Јончевски е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, и доаѓа на местото на сега веќе екс кормиларот Драган Бајиќ.

Јончевски беше дел од стручниот штаб токму на Бајиќ, но во улога на асистент, и само сега се искачува едно скалило погоре.

Тој првпат беше асистент во националниот тим на Марјан Лазовски во квалификациите за Олимписките Игри што се одржаа во Венецуела, а потоа му помагаше и на Марјан Србиноски на Евробаскетот во 2015 во Хрватска. Претходно беше и во тимот на соработници на селекторот Јорданчо Давитков.

Во официјалното соопштение на КФСМ се додава дека во стручниот штаб на Јончевски ќе бидат и  Никола Василев односно Никола Велев. Кондиционен тренер ќе биде Сашо Пецев.

Првиот предизвик новиот селектор и неговите соработници ќе го имаат веќе кон крајот на август, на стартот на вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Поточно, гостувањето во Данска на 25.август, и натпреварот против селекцијата на Словачка, кој нашите најдобри кошаркари го играат на 28. август во Скопје.

ПретходноНашите претставници ги дознаа своите противници во Европскиот Куп
СледноАндоновски е континентален првак со САД