ЛШ: Тричко и АЕК извадија реми во Данска, порази за Ракип и Радески (ВИДЕО)

215

Вечерва покрај дуелот во Загреб на нашиот првак Шкупи се одиграа уште дел од натпреварите од 2. коло во квалификациите во Лигата на шампионите. Три екипи на нашите интернационалци вечерва имаа свои настапи.

Иван Тричковски со неговата АЕК Ларнака одигра 1:1 на гостувањето во Данска против Мидјиланд со што одлуката за пласман во 3. коло ќе ја има на реваншот кој ќе го игра на домашен терен. Тричко одигра 82. минути за АЕК, а само две минути откако беше заменет неговиот тим погоди за израмнување.


 

Ердал Ракип беше на клупата кај Малме во поразот на Швеѓаните од 1:0 на гостувањето кај литвански Жалгирис од 1:0.

 

Радески и неговиот Пјуник, пак, направија голем „кикс“ пред своја публика. Радески не беше во составот на Ерменците кои загубија дома со 1:0.

 

ПретходноГаздата на Интер загуби на суд, ќе мора да најде 250 милиони евра
СледноОФИЦИЈАЛНО: Левандовски е нов фудбалер на Барселона (ВИДЕО)