Марка тврди: Роналдо бил на третман кој го користат порно актерите!

1141

Кристијано Роналдо (37) направи корекција на лицето, поточно стави ботокс, а сега „Марка“ открива дека Португалецот реши овој третман да го направи и на гениталиите. Наводно, Роналдо тоа го направил за да си го зголеми пенисот за еден до три сантиметри. Резултатите од овој екстремен третман можат да траат и до две години, а го користат и порно актери.

Иако заслугата за неговата одлична фигура може да се припише на неговата исхрана, ригорозниот режим на вежбање и одличната генетика, новите достигнувања во хирургијата исто така му овозможуваат да ги одржува мускулите здрави и млади, додава „Марка“.

Во меѓувреме Роналдо треба да одлучи каде ќе игра во новата сезона. Засега се чини дека со сите сили сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

ПретходноМитровски и Терзовски дел од финалето во Призрен
СледноЕлмас останува под Везув: Наполи ќе им каже “НЕ“ на Милан и Торино!