Во пресрет на вечерашниот дуел меѓу Динамо и Шкупи, во првиот меч од 2.квалификациско коло во ЛШ, ајде малку се навратиме на традицијата која вели дека имаме и тоа како лош биланс.
Вкупно македонските клубови против хрватските одиграле 13 мечево во европските натпреварувања и имаат само две победи, осум порази и три ремија.
Тука ги сметаме и настапите во Интер Тото Купот.
Па така успеале да победат само Победа на гости во Загреб и тоа во Интер Тото Купот, како и Ренова против Ријека дома исто во Интер Тото Купот. И само на овие дуели нашите екипи биле севкупни победници.
Вардар играше против Динамо во 2.квалификациско коло во ЛШ и беше елиминиран по голема борба, тогаш тренер на вардарци беше Гоце Седлоски, човекот кој вечерва ќе го води Шкупи против Динамо, исто во квалификациите во ЛШ.
Инаку најголем срам или дебакл доживеа Милано на двомечот со Славен Белупо кога севкупно беше поразен со 2:12.
СИТЕ НАТПРЕВАРИ
1997/98 – КПК – прво претколо
СЛОГА Ј – ЗАГРЕБ 1:2
ЗАГРЕБ – СЛОГА Ј 2:0
2001/02 -Интер Тото куп – 1.коло
ЗАГРЕБ – ПОБЕДА 1:2
ПОБЕДА – ЗАГРЕБ 1:1
2008/9 – Интер Тото Куп – 1.коло
РИЈЕКА – РЕНОВА 0:0
РЕНОВА – РИЈЕКА 2:0
2009/10 – ЛЕ – 2.претколо
МИЛАНО – СЛАВЕН БЕЛУПО 0:4
СЛАВЕН БЕЛУПО – МИЛАНО 8:2
2013/14 – ЛЕ – 2.претколо
ХАЈДУК – Х.ТУРНОВО 2:1
Х.ТУРНОВО – ХАЈДУК 1:1
2016/17 – ЛШ – 2.- претколо
ВАРДАР – ДИНАМО 1:2
ДИНАМО – ВАРДАР 3:2
2020/21 – ЛЕ – 2.претколо
РЕНОВА – ХАЈДУК 0:1
(се играше само еден меч)
ВКУПНО: 13 2 3 8