Размена: Нејмар место Бернардо Силва, но Пеп ја одбил понудата…

264

ПСЖ по секоја цена сака да се ослободи од Нејмар, скапата бразилска мега ѕвезда, па така новиот спортски директор Луис Кампош го нуди на повеќе клубови.

Најново е тоа што тој разговарал со челниците на Манчестер Сити, но и со Пеп Гвардиола, а целта била размена. И тоа Нејмар да оди во Сити а во Париз да дојде Бернардо Силва. Сепак таквата понуда Пеп експресно ја одбил, се знае и зошто. Нејмар зема преголема плата во ПСЖ, и ретко кој клуб може да си го дозволи, а посебно ако Нејмар не го дава тоа што може.

ПретходноИнтер извиси: Бремер утре пристигнува на прегледи во Јувентус
СледноКуевен го стресе Динамо, Шкупи води во Загреб (ВИДЕО)