Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе имаат пеколен старт на сезоната во АБА-лигата, каде што се враќаат по четиригодишно отуство, со оглед што во првите две кола за противници ќе имаат екипи од – Евролигата.
Денешната ждрепка сакаше МЗТ на отворањето на регионалната лига да ѝ гостува на Црвена Звезда, актуелниот победник и долгогодишен учесник во најсилното европско натпреварување. А, работите да бидат уште потешки, се погрижи фактот што првиот меч на домашен терен ќе го одигра со Партизан, вториот српски гигант и најтрофеен тим во АБА. Тоа ќе биде одлична шанса за македонската спортска јавност во живо да го види најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ, но ќе биде и можност за сино-белите момци да му покажат на силниот противник дека не случајно се вратија во друштвото на најдобрите на Јадранот.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО АБА-ЛИГАТА
1. коло: Ц. Звезда – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
2. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Партизан
3. коло: Будуќност – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
4. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – СЦ Дерби
5. коло: Цедевита Олимпија – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
6. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Морнар
7. коло: ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
8. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Мега
9. коло: Игокеа – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
10. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Борац
11. коло: Задар – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
12. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Сплит
13. коло: Цибона – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ