Познати се сите учесници на Светското првенство 2023 година!

190

По завршување на Африканското првенство познати се сите патници на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Полска и Шведска, а на кое ќе учествува и македонската ракометна репрезентација.

Алжир по победата над Гвинеја го освои петото место и се најде во групата Е заедно со Германија, Катар и Србија. Ова е групата со која вкрстува Македонија доколку се пласира во главната рунда.

Египет, предводен од Роберто Гарсија Парондо заедно со Мароко, оди во групата на Хрватска и САД. Додека З.Осторви ќе бидат дел од групата Ц заедно со Шведска, Бразил и Уругвај. Тунис патува во групата Х, ќе игра против Данска, Белгија и Бахреин.

Група А (Краков): Шпанија, Црна Гора, Чиле, Иран
Група Б (Катовице): Франција, Полска, Саудиска Арабија, Словенија
Група Ц (Гетеборг): Шведска, Бразил, Зеленортски Острови, Уругвај
Група Д (Јончепинг): Исланд, Португалија, Унгарија, Јужна Кореја
Група Е (Катовице): Германија, Катар, Србија, Алжир
Група Ф (Краков): Норвешка, Македонија, Аргентина, Холандија
Група Г (Кристијанштад): Египет, Хрватска, Мароко, САД
Група Х (Малме): Данска, Белгија, Бахреин, Тунис

На СП ќе учествуваат 32 репрезентации, првенството се игра во периодот од 12-29 јануари 2023 година.

ПретходноЕ.Пелистер означува старт на подготовките
СледноНа 13 мечеви во Европа нашите клубови само со две победи над хрватските