Најдобрата руска тенисерска повеќе не можеше да молчи: Јас сум геј, имам девојка!

1922

Дарија Касаткина откри дека е геј. Руската тенисерка излезе во јавноста и ја откри својата одлука пред камерите, призна дека има и девојка и дека повеќе не сака да молчи за тоа.

Таа е 12. тенисерка во светот, најдобро рангирана Русинка на ВТА листата, но нејзината изјава предизвика вистинска бура во нејзината татковина.

„Малку сум нервозна поради камерите, но во ред е. Верувам дека на овој начин, кога некој како мене, спортист и некој што е попознат, јавно ќе каже дека сум геј, може да им помогне на сите кои се соочуваат со ваков проблем. Ова е табу тема во Русија, но тоа не е изненадување. Таму има многу табу теми“, започна Дарија.

По кратка пауза, таа го продолжи разговорот.

„Постојано ја слушам фразата „ако сакаш да бидеш геј“, сакаш, не сакаш, знаеш, не сакаш. Не можам повеќе да ги слушам тие глупости. Нема ништо полесно на овој свет од да бидеш стрејт. Кога имаш избор, мислиш ли дека некој би избрал да стане геј и да си го отежни животот. Особено ако живееш во Русија“.

На ова следело прашањето дали мисли дека луѓето од ист пол некогаш ќе можат да шетаат во Русија држејќи се за рака.

“Не! Тоа никогаш нема да се случи. Барем не според моменталната ситуација. Имаше напредок во таа смисла пред околу четири години, кога се одржа Светското првенство. Но, ништо не се промени”.

ПретходноТен Хаг отворено зборуваше за Роналдо!
СледноШкупи посакува сензација на “Максимир“