Иднината на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед е незивесна бидејќи Португалецот е подготвен да ја смени средината по само една година, а во изминатиот период со неговото име се поврзуваа многу клубови. Најновото е Атлетико Мадрид, според шпанските медиуми ситуацијата е сериозна, иако овој трансфер би значел удар за Реал Мадрид, тимот во кој е прогласен за легенда.
Во меѓувреме новиот тренер на Јунајтед со една изјава ги најави неговите планови со Португалецот, даде до знаење дека тој не е на продажба.
„Кристијано Роналдо не е на продажба. Се радувам што ќе соработуваме. Ситуацијата и натаму е иста. Добро сум информиран, тој има опција и за следната сезона. Дали Роналдо може да остане и после оваа сезона: Да“, одговори холандскиот стратег.
Тен Хаг верува дека Роналдо може да игра многу добро во одбраната, иако минатата сезона тоа не демонстрираше многу на дело.
„Мислам дека е способен да игра пресинг. Во својата кариера демонстрираше дека може се. Ги поставив своите барања и играта која сакам да ја гледам. Врвен играч како него може да придонесе многу“.