Трансфермаркт: 100 VS 5,5 милиони евра, само Лавот Адеми вреди повеќе него целиот Шкупи!

211

Нема никакви дилеми дека вечерва на “Максимир“ ќе се судрат Давид против Голијат што се вели. Не е тајна дека Динамо Загреб е голем, супер фаворит против Шкупи. Некој ќе рече дека во фудбалот се е можно, да, така е, но сепак во многу и парите одлучуваат.

А тие велат дека целиот играчки кадар на Динамо Загреб, според Трансфермаркт, вреди 100 милиони евра, додека тимот на нашиот шампион само 5,5 милиони евра.

Интересно, само капитенот на “модрите“ и наш репрезентативец Аријан Адеми вреди повеќе него целиот Шкупи. Имено според Трансфермаркт Лавот Адеми е со вредност од 6,5 милиони евра, а Шкупи 5,5 милиони.

Најскап играч на Динамо Загреб е Лука Иванушец со 12,5 милиони евра, додека највреден играч на Шкупи е Сандеј Адетунџи со 800.000 евра, исто толку според Трансфермаркт вреди и Фреди Алварез.

Да се надеваме дека сите овие податоци нема да играат којзнае каква улога и дека Шкупи сепак ќе има сила да извлече што подобар резултат.

ПретходноАндоновски е континентален првак со САД
СледноМитровски и Терзовски дел од финалето во Призрен