Спортмедиа дознава дека за утре во 12:00 часот е закажана ждрепката за претстојната ПМФЛ сезона. Во која, многу важно, ќе биде вклучена и екипата на Ренова, за која што летово се шпекулираше дека ќе се откаже од партиципирањето во нашата најсилна конкуренција.
Тоа значи дека утре ќе се дознаат ривалите од првото коло, кое што почнува на 7. август. Новитети во првата лига се екипите на Победа и Силекс, а повеќе ги нема Пелистер односно Борец.